Живот
6. October 2016 - 12:05

Се појави крст во џамија: Болни луѓе се излекуваа

Во една од џамиите во Насарава се покажа крст што стотина од присутните верници останаа во шок, а многу од нив тоа го сметаа за чудо. 
 
Главниот имам на џамијта потврдил дека е виден крст во џамијата и го нарече тоа „ знак од Бога“. 
 
Стотина верници биле изненадени со чудната појава на крстот, што го натера да се молат за прошка и за благослов. 
 
Крстот кој е симбол на христијанството бил осветлен на земјата во неспоредна близина од џамијата. Хаџар Хусаини изјавила дека прва ја видела светлината во облик на крст на 28. септември, а нејзината мајка ја потврдила оваа чудна појава и истакнала дека нејзината ќерка се уплашила и се вратила дома. 
 
Некои од верниците оваа појава ја анализираат како „ знак на смирување во друштвото“, една верница тврдела дека се излекувала кога ја посетила џамијата. 
 
- Бев на операција пред две години и почнаа промените во моето тело. Се молев пред крстот и сега сум излекувана, рекла Грејс Ејз.