-->
-->
Се подобруваат условите за учење во селските населби во Берово
-->
Оградено училиштето и спортските терени во подрачното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во село Двориште. Како што информираше градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, целта на реализираните активности е да се подобрат условите за учење за учениците од селските средини.
-Општината продолжува со заложбите за подобрување на условите за учење особено во селските средини. Во разговори со месната заедница на село Двориште само по себе се наметна прашањето за поставување ограда во дворот на училиштето и во делот на спортските терени, па така со средства во износ од милион и 77 илјади денари искористени се средствата од буџетот на ООУ „Дедо Иљо Малешевски” во рамки на Буџетот на Општина Берово. Поставената ограда е со метална конструкција, а на одредени места има поставено бетонска конструкција. Сметаме дека со овој реализиран проект ќе ги подобриме условите за учење, но и за спортување во училиштето, рече Пекевски.
Градоначалникот на Берово додаде дека во моментот се работи и на оградување на спортските терени во училиштетото во село Митрашинци.
Последната реконструкција во село Двориште беше направена во 2010 година. Со тогашната реконструкција беа опфатени покривната конструкција и фасадата на училиштето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка