Се подготвува Буџетот за 2018 година, се очекува повисок економски раст

Во Министерството за финансии веќе се подготвува буџетот за наредната година. Според министерот Драган Тевдовски во 2018 година се очекува повисок економски раст од годинава.
- Веќе работиме на подготовка на буџетот за 2018 година. Ги очекуваме буџетските циркулари на сите буџетски корисници, а потоа ќе влеземе во серија состаноци на кои ќе ги гледаме нивните потреби и нивните гледања. Во моментов работиме и на прецизирање на макроекономските проекции. Многу е важно што во 2018 година може да се очекува значајно повисок економски раст од годинава, а во поглед на буџетскиот дефицит нашата намера е дежавата да троши со цел економијата да излезе од онаа ниска економска активност, изјави министерот во интервју за Сител.
Според него, и следната година ќе се кратат непродуктивнтие трошоци, со цел, како што вели, да се даде шанса на оние продуктивни активности што ќе имаат мултипликативен ефект и ќе ја движат економијата.
Тевдовски смета дека проектираниот раст за годинава е реално остварлив, на што укажуваат податоците од индустриското производство кое има раст во мај и јуни и повисоките стапки на кредитирањето и штедењето.
- Кондицијата на буџетот се подобрува. Бруто приходите од ДДВ, тоа што најмногу го полни, се зголемија во јули. Буџетот навремено си ги сервисира обврските кон граѓаните и фирмите. Многу е важно што ние неселективно и колку е можно побрзо го враќаме повратот на ДДВ кон фирмите. Вратени се 3,9 милијарди денари во месеците јуни и јули годинава, а минатата година во истиот период се вратени 2,2 милијарди денари. Тоа значи дека се враќа многу поголема ликвидност кај фирмите за тие потоа да ја придвижат економијата, истакнува министерот за финансии.
Очекува дека и проектот за зголемување на минималната плата ќе влијае на раздвижување на економијата.
- Со ребалансот се предвидени месечно по 90 милиони денари за поддршка на работодавачите за зголемување на минималната плата. Тоа ќе значи државата да даде поддршка на 70 илјади вработени за зголемување на нивната плата. Тоа згоелмување ќе оди во многу семејства кое потоа ќе оди во потрошувачка и ќе ја движи економијата, посочи министерот Драган Тевдовски.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
