Се оградуваат Градските гробишта во Штип
Градските гробишта во Штип почнаа да се оградуваат, соопшти денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, а информираше дека проектот се реализира со заеднички средства на Општина и на ЈП „Исар“.
- Ќе се работи во делот на старите гробишта, но етапно сите гробни парцели ќе бидат заградени. Со ова подобро ќе се чуваат гробиштата. Целта на оградувањето е да ги заштитиме гробиштата и да ја тргнеме грдата мрежа која стои со години, вели Бојаџиев.
Раководителот на работна единица „Градски гробишта“ при ЈП „Исар“-Штип, Стефан Арсов истакна дека оградата ќе биде висока два метри, а ќе постават и порти на повеќе локации за олсенување на пристапот до парцелите.
-Досега имавме многу проблеми и од луѓе и од животни. Со оградувањето се надеваме дека инвестираме во заштита на имотот на граѓаните, вели Арсов.
Откако ќе се заврши оградувањето на гробиштата, истите ќе се заклучуваат во 17 часот во зимниот и во 21 часот во летниот период, поради заштита на предметите и имотот кои се дел од над 8.000 надгробни места. Во изминатите неколку месеци ЈП „Исар“ на градските гробишта инвестираше во изградба на нови паркинг места и во асфалтирање на улици и патеки.
Ново на Сител
-
Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена
-
Над 30 лица повредени од торнадо во германскиот град Падерборн | ВИДЕО
-
КУП: Триумф на „лавовите“ во пенал серијата
-
Османи: Ги ценам напорите на Франција за одблокирање на евроинтегративниот процес
-
АА: СДСМ и ДУИ се уште не се опоравиле од црвениот картон од гостиварци
-
Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
-
Владата го утврди ребалансот на Буџетот за 2022 година
-
ОН предупредува дека не треба да се занемарат другите кризи во светот поради Украина