Се одржа натпреварот „Предизвикот на Шара“

Заврши второто издание на спортско-рекреативната манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка.
Во категоријата планинско трчање, во женска конкуренција победи Билјана Кираџиева, додека второ и трето место освоија Весна Кираџиева и Валентина Узунова. Во машка конкуренција победник е Стојче Петровски, додека Денис Богоевски и Бојан Сапунов се пласираа на втората и третата позиција.
Игор Трпковски е најбрзиот во планински велосипедизам, а го следат Стефан Узунов и Перица Стаменковски. Во натпреварот во друмски велосипедизам првото место го освои Тефик Салахи. Втор беше Кирил Марковски, додека трет Драган Николчевиќ.
Сите учесници тргнале од тетовскиот градски плоштад во 9 часот. Патеката за планинско трчање беше долга 10 километри Тетово – Гајре – Лисец – Попова Шапка, по планински патеки. За друмски велосипедизам патеката беше долга 20 километри, односно од плоштадот по асфалтираниот пат до Попова Шапка. Патеката во планински велосипедизам исто ја поминуваа во должина од 20 километри, но движењето беше во правец Тетово – Бањиче – Шипковица – Лисец – Попова Шапка.
Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција, наградите се: прво место златен медал и 5.000 денари, второ место сребрен медал и 3.000 денари, и за трето место бронзен медал и 2.000 денари.
Ново на Сител
-

Ѕвездата на Доли Партон на Патеката на славните оштетена неколку дена по нејзината смрт
-

Четири илјади метри рибарски мрежи и 117 килограми белвица пронајдени во Охридското Езеро
-

Осомничениот за убиството на Кирк тврди дека е невин – Му се заканува смртна казна
-

Колку Американците ги чини војната со Иран?
-

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
-

Рама евакуиран од кабинетот под силно обезбедување поради ескалација на протестот во Тирана
-

Зеленски: Руското небо „де факто ќе биде затворено“ поради украинските дронови
-

По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје
