-->
-->
Се одбележува месецот на книгата во Пехчево
-->
Со низа активности матичната библиотека „Кочо Рацин” од Пехчево започна со одбележување на месецот на книгата. Првата активност, како што информираше директорката на библиотеката Јасмина Цековска, се реализираше во соработка со наставниот кадар и учениците од деветолетката „Ванчо Китанов”.
- Како дел од одбележувањето на месецот на книгата со учениците и наставниот кадар од пехчевската деветолетка „Ванчо Китанов" организиравме музичко-поетски и драмски перформанс. Во рамки на настанот беа изведени две кратки драмски претстави, а дел од учениците се претставија со свои лилни поетски творби. За музичкиот дел беа задолжени млади таленти, инаку ученици во гимназијата „Ацо Русковски кои настапија со дел од својат богат музички репертоар, информираше Цековска.
Додаде дека сите учесници со нивните ментори добиле благодарници.
Следната активност по повод месецот на книгата како што информираа од пехчевската библиотека ќе се реализира со дечињата од градинката „7 Септември".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст