-->
-->
Се обеси затвореник во Идризово
-->

Денеска околу пладне во затворот Идризово вработените и затворениците го пронашле мртвото тело на затвореник од Кавадарци, кој си го одзел животот со бесење. Се работи за младо момче осудено на повеќе од 20 години затвор за повеќе тешки кривични дела меѓу кои и убиство.
Информацијата за Сител ја потврди и директор на управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ, кој вели дека утрово е информиран за настанот, но повеќе информации најави откако ќе заврши увидот.
Телото на починатиот е предадено на органите кои се очекува да ги утврдат околностите и причините за смртта.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
