Се нормализира состојбата со водата за пиење во Струга
Постепено се нормализира сосотојбата со водата за пиење во однос на матноста од Струшкиот водовод.
Директорот на Центарот за јавно здравје – Охрид, Сашо Точков денеска информира дека направените анализи вчера попладне и денеска покажуваат дека параметарот матност е во законски дозволени граници и водата веќе не е заматена над дозволените вредности.
– Со првите наоди за матноста информирани се инспекциските служби, кои се надевам дека ги чекаат пошироките физичко-хемиски и микробиолошки анализи што се во тек за да се излезе со заклучок дека водата е безбедна за пиење и се надевам ќе се подигне забраната. Забраната важи додека инспекциските служби не ја подигнат. Дотогаш граѓаните треба да бидат внимателни да ја пуштаат славината да потече водата, па потоа да ја користат за пиење, изјави Точков.
Според него, освен матност, водата од водоводот во Струга немала отстапувања во други параметри, односно микробиолошки е исправна.
– Микробиолошки, што е најзначајно водата беше добра, со добар квалитет и немаше никакво загадување. Освен во извориштето Шум каде водата беше микробиолошки загадена со патогени бактерии, но таму не се дезинфецира и поради тоа е загадена. Во водоводот водата се хлорира и се уништуваат тие патогени микроорганизми, појасни директорот на Центарот за јавно здравје – Охрид.
Проблемот со матноста на водата во Струга, како што посочи Точков, се провлекува години наназад со пообилни врнежи од дожд. Тој смета дека се потребни филтри или соодветни механизми да се реши овој проблем.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена