Балкан
12. July 2019 - 13:54

Се нормализира состојбата на Халкидики: Два дена по страшното невреме, состојбата не е повеќе алармантна

Два дена по разорната бура, во која настрадаа седум лица, ситуацијата се стабилизира, наведуваат грчките медиуми.

„На Халкидики денеска осамна убав и сончев ден“, објавија на ФБ.

Се наведува дека ситуацијата повеќе не ее алармантна, но и дека стуја и вода се уште не добиле некои места.

Во силното невреме пред два дена, а кое траеше само 20 минути, шест туристи и грчки рибар го загубија животот, а повеќе од 100 лица се повредени.

Според првичните информации на полицијата, загинаа две постари лица од Чешка, жена и осумгодишно дете од Романија и маж и дете од Русија.

Меѓу повредените има и седум лица од Србија, меѓу кои е и едно 13-годишно девојче кое е задржано во болница и е во добра состојба, додека шестмина српски државјани по укажаната медицинска помош во четвртокот се пуштени од болница.