Се нормализира ситуацијата пред Лувр во Париз
Префектурата на полицијата на Париз, преку Твитер објави дека во Лувр се „во тек проверки, како мерки на претпазливост“, на местото каде треба да се одржи евентуалната прослава на Емануел Макрон, јави дописникот на МИА од Париз.
Претходно повеќе медиуми јавија дека плоштадот на „Лувр“ е евакуиран како мерка на претпазливост“. Не се кажаа конкретни причини зошто полицијата ја наредила оваа мерка.
Последните вести велат дека ситацијата кај плоштадот пред Лувр, сепак, се нормализирала.
Денешното гласање се одвива со засилени безбедносни мерки, бидејќи терористичките закани се реални. Исто како и во првиот круг од претседателските избори во обезбедувањето на гласачките места се вклучени десетици илјади полицајци и 7 000 припадници на армијата. Ова се први претседателски избори што се изведуваат во режим на вонредна состојба, воведена ноќта на 13 ноември 2015 по терористичките напади во Париз.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект