Се намалува бројот на активни случаи од Ковид-19 во Малешевијата
Во Берово денеска е регистриран еден оздравен пациент од Ковид-19, со што бројката на активни случаи на коронавирус во оваа општина е минимален. Лице на подоцнежна возраст, како што информираа надлежните од Здравствениот дом во Берово, е единствениот заболен од Ковид-19 во оваа Малешевска општина.
– Имајки ги предвид годините пациентот добро се држи и засега прогнозите за неговото здравје се добри. Радува тоа што довчерашниот втор активен пациент е оздравен, со што стапката на случаи се намалува. Да се надеваме дека нема да имаме нови пациенти со позитивни наоди на болеста, истакнаа од Здравствен дом Берово.
Во моментот освен во Берово, во соседната малешевска општина Пехчево нема активни пациенти на вирусот.
Во соседните општини, исто така веќе неколку дена состојбата со вирусот е стабилна. Во Делчево веќе подолг период позитивни на коронавирус не се регистрирани, додека во Македонска Каменица се уште активни се четирите пациенти, кои добија позитивен наод на Ковид-19 во последната недела од јули 2020 година.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево