Се менува начинот на полагање за возачка дозвола во Македонија

Според неофицијални информации, од автошколите велат дека е најавена уште една голема законска измена во нивната работа. Имено, станува збор за стандардизирање на цените во сите автошколи во Македонија. Па така, ако досега кандидатите за возачи плаќаа околу 15 илјади денари за својата обука, отсега ќе треба да платат дополнителни десет илјади денари.
Според најновите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, секоја автошкола е должна за време на оспособувањето на кандидатот за возач да има вклучено камера во просторијата каде што се спроведува теоретскиот дел, како и во самото возило. За оние што ќе постапат спротивно на одредбите е предвидена парична казна од четири илјади евра, а прекршочен платен налог во износ од 300 евра ќе му се издаде на предавачот и на возачот-инструктор што постапува спротивно на одредбите на законот.
Министерството за внатрешни работи врши постојан надзор врз работата на автошколата во однос на исполнувањето на пропишаните услови за работа, начинот на оспособување на кандидатите за возачи и обврската за воспоставување и водење евиденција. Па така, во случај кога ќе се утврди дека автошколата не ги исполнува пропишаните услови за работа, а кандидатите за возачи не ги оспособува според наставниот план, МВР има обврска да го забрани вршењето на оспособувањето на кандидатите во времетраење од 30 дена, во кој период автошколата треба да ги отстрани утврдените недостатоци.
Автошколата не може да оспособува кандидати за возачи во периодот додека трае забраната, а ако се постапи спротивно на законските одредби, на истата автошкола ќе ѝ се изрече глоба во износ од 5.000 евра, а на одговорното лице во автошколата што постапува спротивно на одредбата ќе му се изрече глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за автошколата, предвидува новиот закон.
Ново на Сител
-

Општина Струга ќе го продава на аукција аудито на Мерко, почетна цена 21.800 евра
-

Платформата ptici.mk собра над 34.000 податоци за птиците во Македонија
-

Македонските државјани од Израел попладне треба да бидат евакуирани со владиниот авион, во следните денови евакуација и од останатите држави
-

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан
-

Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет
-

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
