Џет-Сет
18. August 2016 - 14:56

Се мажи најубавата шефица на кабинет во македонската Влада!

Викторија Јаначковиќ, која кон крајот на 90-ите и почетокот на 2000-та во јавноста стана позната како македонска мисица, сега стапнува на лудиот камен. Викторија се вработи во Министерството за култура на Република Македонија и стана шефица на кабинетот на заменикот министер за култура, Драган Недељковиќ.  Таа сега се мажи со Никола Тасески со кој е неколку години во врска и е многу среќна.