Се избираат најдобри млади вина произведени во домашни услови

Здружението на македонски винари организира избор на најдобри млади вина произведени во домашни услови, а оценувањето ќе го вршат стручни лица енолози. Од денеска па натаму, сите заинтересирани домашни производители на вино, можат да достават мостри од своето производство и да учествуваат во натпреварот што се реализира во соработка со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
– Настанот е во чест на манифестацијата „Beaujolais Nouveau“ која во светот се празнува од 1937 година и започнува во 00:01 часот секој трет четврток во месец ноември, појасни претседателката Милица Плетварска-Глигорова.
Во изјава за МИА, потпретседателката Елена Богева нагласи дека преку следење на нивните препораки како енолози, од година во година се зголемува квалитетот на вината произведени во домашни услови.
– Токму тоа ни е и целта, како винска земја да имаме што е можно поголем квалитет на винското производство и повеќе мали семејни вински бизниси. Поголемата конкуренција значи и подобар производ, што пак е услов за поголем развој на винарството и винскиот туризам, додаде Богева.
Главниот настан е на 21 ноември во ресторанот „Сино“, кога ќе бидат доделени наградите за најдобрите вина. Сите учесници имаат можност за презентација, а ќе можат и да се дегустираат сите пријавени мостри.
Истовремено најавена е и промоција на книгата „Каде што реката го бакнуваше небото“ од Билјана Тинтоска, за првиот дипломиран македонски енолог во Полска.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
