Македонија
30. October 2016 - 15:24

Се исчисти Водно и се поставија нови табли со пораката „В џеб, ако нема каде друго“

Се исчисти Водно од отпадоци и се поставија нови дрвени табли со пораката „В џеб, ако нема каде друго“ во рамки на денешното продолжение на акцијата што ја организира Движењето ЛЕАД.
 
Таблите се поставуваа на Средно Водно и на пешачките патеки кои водат до ова место.
 
Во акцијата учествуваа млади од различна етничка припадност. 
 
Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.