-->
-->
Се гради резервоар за вода воТимјаник
-->

Во Тимјаник се гради нов резервоар со зафатнина од 500 кубни метри. Зафатот се одвива паралелно со изградбата на новиот резервоар со зафатнина од 200 метри кубни наменет за задоволување на потребите за вода за пиење на жителите на Пепелиште.
- Станува збор за проект кој општина Неготино го реализира заедно со реконструкцијата на водоснабдителниот систем на улици во Неготино во должина од осум километри, со 38.000.000 денари од Светска банка, информираат од неготинската локална самоуправа.
Количините на вода од резервоарот во Тимјаник ќе бидат наменети за жителите кои живеат во високите зони во Неготино. Рокот за завршување на работите е девет месеци, период во кој треба да заврши и реконструкцијата на водоводот во Неготино.
- Во делот на работите на резервоарот во Тимјаник, досега е извршен ископ на просторот каде истиот ќе биде лоциран, како и тампонирање на просторот од околу 200 метри квадратни, појаснуваат од локалната самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
