-->
-->
Се гради „Пазарска патека“ во Крива Паланка
-->

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка започна со активности за изградба на т.н. „Пазарска патека“ во кејот на Крива Река, на потегот од главниот влез на градскиот пазар до мостот во центарот на градот крај градскиот парк.
Се гради патека со камени плочи широка околу два метра на главното корито на реката со средства од буџетот на општината во износ од 750.000 денари.
- Оваа патека ќе придонесе за намалување на метежот на главната градска улица кој се јавува во деновите од викендот, особено сабота, кога во градот е пазарен ден, па граѓаните за да дојдат до пазарот прават гужва и се попречува нормалното одвивање на сообраќајот на ул. „Св.Јоаким Оосоговски“. Со изградба на оваа патека тој метеж ќе се намали и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Алексовски истакна дека „Пазарската патека“ ќе биде уште една пешачка патека во општината, втора во кејот на реката, покрај ролерско-велосипедската патека која се наоѓа на спротивната страна на Крива Река. - Свесни сме дека бидејќи е во самото мајор-корито на Крива Река, при надоаѓање на реката патеката може да биде поплавена, но по намалување на водостојот, повторно ќе биде функционална. Во секој случај, ќе им биде од голема корист на Паланчани и ќе го разубави овој дел од градот, рече градоначалникот Алексовски.
Делот од кејот покрај патеката ќе биде хортикултурно уреден, со цвеќе и урбана опрема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
