Се гради локален пат до штипските села Кошево и Почивало
Во тек е изградбата на локалниот пат од селото Шашаварлија до селата Кошево и Почивало. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи. Локалниот пат во должина од еден километар се гради според сите стандарди.
- Вкупната инвестициска вредност на проектот по најповолната понуда изнесува околу шест милиони денари. Градежните зафати започнаа овој месец, а временска рамка за завршување на работите е околу 40 дена. Доколку тоа го дозволат временските услови. Како градоначалник на општина Штип настојувам подеднакво да ги застапувам интересите на населението од руралните средини, вели Бочварски.
Тој забележа дека како локална власт и наредната година ќе инвестираат во подобрување на инфраструктурата во руралните средини, со цел жителите да ги имаат сите услови за егзистенција.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена