-->
-->
Се градат тротоари на повеќе улици во Берово
-->

Се градат тротоари на повеќе улици во Берово, проект за кој Општина Берово обезбедила средства од буџетот на општината во вредност од 1.800.000 денари.
Како што информираат од Општина Берово, преку проектот се опфатени повеќе тротоарски површини и изградба на неколку улици, а во Берово во тек се градежните активности за обновување на тротоарската површина на десната страна на ул.„Маршал Тито“ вo потегот од раскрсницата со ул.„Партизанска“ пред Агенцијата за вработување до кружната раскрсница на влезот во Берово.
Од општината истакнуваат дека преку овој проект е планирано поставување бехатон плочки со дебелина од 6 сантиметри во должина од околу 400 метри и широчина од 2 метри во поголемиот дел со проширување пред Агенцијата за вработување со вкупна опфатена површина од околу 1100 м2.
Инаку, во рамки на проектот е изграден и паркинг простор меѓу социјалната зграда и колективната станбена зграда на кејот на река Брегалница, а е опфатено и поставување тротоарска површина на ул.„Маршал Тито“ во Смојмирово во должина од 150 метри, изградба на пристапна улица до селските гробишта во Русиново и доградба на улиците „Илинденска“ и “23 Август“ во Берово со вкупна должина од околу 250 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
