Се чувствувам засрамено и понижено - Столе Стоилов се одзва по скандалот
Капитенот на РК Вардар, пикерот Стојанче Стоилов станал и си заминал кога слушнал дека добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.
Првите две награди за училишен и за средношколски спорт заминале кај училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански.
Стоилов станал и си заминал- демонстративно ја напуштил манифестација која за првпат е двојазична.
-Се чувствувам засрамено и понижено, се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците кои се сместени во хотелот во кој се одржа манифестацијата.
Стоилов беше избран за „Најдобар спортист на Македонија за 2017 година“ на истава манифестација, што ја организира Агенцијата за млади и спорт.
Годинава признанието им припадна на Емил Павлов и Сара Ристовска.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија