Се чисти коритото на Сува Река во Општина Илинден

Во Општина Илинден во тек е чистење на дел од коритото на Сува Река што минува низ населените места Дељадровци, Текија и Миладиновци, во должина од 5.000 метри, соопшти денеска општината.
Со чистење на речното корито обраснато со густа вегетација од капини, трска, шибје, дрвја, како и наноси од земја и отпадоци, покрај обезбедување проточност на водите, укажува општината, се придонесува и за подобрување на животната средина.
Сува Река е второто сливно подрачје на Општина Илинден што ги зафаќа водите од шест населени места: Дељадровци, Текија, Миладиновци, Бучинци, Мршевци и Бујковци. Останатиот дел од општината се одводнува преку 120 километарска мрежа на отворени одводни канали.
- Редовното и континуирано чистење и одржување на оваа каналска мрежа со запазување на профилите на каналите и нивелацијата на теренот останува во врвот на приоритетите на Општина Илинден, со цел системот за зафаќање и одведување на атмосферските води нормално да ја исполнува својата функција, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
