Се чисти коритото на река Црна кај општина Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска соопшти дека во првите 10 дена од реализација на акцискиот план за превентивно чистење на коритото на реката Црна санирани се 8 од 12 преоди низ кои протекувала и истекувала реката Црна.
Владата на Република Македонија додели првична помош од 500.000 евра и 300 тони нафта и тоа беше одличен импулс за старт на активностите, истакна Котевски на денешната прес-конференција.
- Акцискиот план за превентивно чистење на коритото на реката Црна се реализира според превидената динамика, а во наредниот период овој процес ќе се интезивира. Досега се затворени 8 преоди преку кои истекуваше водата од речното корито, во моментов се затвораат уште два во прилепскиот дел, а веднаш потоа ќе почне чистењето на вегетацијата со посебен акцент на дрвјата во реката кои ќе ги корниме, истакна Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
На денешната прес - конференција беше истакнато дека реката Црна се чисти во долж речното корито од 30 километри, а се чисти и реката Елешка. Во акцискиот план, најави Котевски, ќе бидат внесени и други локации за чистење за да не се случуваат истите проблеми.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди, со силни институции, транспарентност и одговорност
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен - најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
