Се бара заедничко родителство на детето после развод

Укинување на доделување на децата кај еден родител по развод, заедничкото родителство да биде правило, освен во исклучоци, нов систем за одредување и воведување алиментација, воведување семејна извршителска служба, советувалишта за парови по постапка на развод, регулирање на постапките во центрите за социјална работа, санкционирање на лажните пријави за насилство, педофилија или злоупотреба на деца и регулирање на можноста за патување на децата до 14 возраст. Тоа се дел од решенијата што ги предлага Иницијативата за заедничко старателство за регулирање на родителството и старателството во најдобар интерес на децата.
-Во моментов во 21 век има закон од 20 век со сфаќања од 19 век. Време е тоа да се промени и војните меѓу родителите да престанат. Ние смее да се допзволи фрустрациите на родителите да бидат над интересите на децата, рече Наум Рибаровски од Иницијативата за заедничко родителство по развод на денешната јавна расправа на собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Поддршка за вакви законски измени дадоа и од Првата детска амбасада за заштита на правата на децата „Меѓаши“ и од Канцеларијата на Народниот правобранител.
-Заедничкото и одговорно родителство и по развод треба да е насочено кон она што е најважно а тоа е најдобриот интерес на детето. Тоа не треба да чуствува дека по разводот е виновно за тоа и треба да живее норамален живот во опкружување полно со живот и внимание од двата родитела поддеднакво.Тоа не треба да се става во ситуација да избира, рече Драги Змијанац од „Меѓаши“.
Според него, развојот брачната заедница треба да биде престанок на брак, а не престанок на родителството. Двајцата, вели, се подеднакво важни и значајни за правилниот раст и развој на детето.

Драги Целевски од Канцеларијата на Народниот правобранител вели дека со вакви измени ќе се помогне во создавањето систем кој ќе ги штити децата по разводот.
Нетрпеливоста, меѓусебниот реваншизам и и некомуникацијата на родителите и поранешните сопружници, според него, претствува ненедминлива пречка детето непречено да ги остварува своите права.
-Детето треба да престане да се користи како инструмент за меѓусебно одмаздување занемарувајќи ја една од главните обврски на разведените родители, грижата за детето, рече тој.
Од Иницијативата за заедничко родителство по развод велат дека тие веќе имаат изготвено Предлог-закон кој, како што рекоа, е базиран на темелна и компаративна анализа. Исто така изготвиле и два правилника со кој целосно се регулира оваа сфера.
Ново на Сител
-

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
-

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд
-

Мицкоски објави одлука од 2023 година: Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка
-

Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ
-

Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин
-

Продажбата на станови во Македонија падна за 14 отсто, изнајмувањето порасна за 45 отсто
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
