Се бара решение за Македонски железници, возовите и денеска не возат
Железничкиот сообраќај во Македонија се уште е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата.
Од Железничката станица во Скопје информираат дека и денеска не сообраќат патничките и товарните возови.
„Македонски железници - Транспорт“ денеска соопшти дека до крајот на овој месец ќе изнајде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата.
Во соопштението се деманитираат информациите дека на вработените им се должат многу плати и се истакнува дека не е исплатена само јануарската плата.
Од „Македонски железници - Транспорт“ посочуваат дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.
- Дополнително би сакале да упатиме еден апел до сите вработени кои недозволуваат нормално одвивање на железничкиот сообраќај, да не потпаѓаат под притисок за собирање на нечии дневно-политички поени бидејќи подлегнувањето на такви притисоци нема да доведе до решенија, туку само до продлабочување на кризата што од друга страна е цел на одредени политички субјекти, наведува „Македонски железници - Транспорт“.
Од друга страна, вработените остануваат на ставот да им биде исплатена целосно јануарската плата и најавуваат дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае се додека не биде исполнето нивното барање.
Протестот е во организација на организација на Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС - Железничари.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава