Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да снабдува деривати од други земји.
- Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукиол може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии, рече Бислимоски.
„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.
МИА
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
