Се асфалтира влезот во Кавадарци од кај Росоман

Влезот во Кавадарци од кај Росоман или „Западен булевар" се асфалтира, проект кој чини околу дваесет милиони денари, информираат денеска од кавадаречката локална самоуправа.
- Кавадарци добива влез каков доликува за град со интензивен соообраќај. Се работи за потегот кон најголемата индустриска зона каде се вработени околу 10 илјади луге. За потсетување, локалната самоуправа во 2015 година ги започна постапките за решавање на имотно правните проблеми, а потоа и самата изградба и пробивање на делницата, соопштија од Службата за информирање на општина Кавадарци.
Реконструкцијата се однесува на улицата „Западен булевар" од новиот кружен тек кај основното училиште „Гоце Делчев“ до раскрсницата на заобиколницата на градот Кавадарци и „Северен булевар". Од двете страни на улицата изградени се нови тротоари.
Инвестицијата, како што информираат од општината, е во рамките на програмата за комунална изградба и по асфалтирањето ќе следува хортикултурно уредување, поставувување на канделабри за улично осветлување и други инфраструктурни објекти.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
