-->
-->
Се асфалтира крак од ул. „11 Октомври“ дел од проектот за изградба на кружен тек
-->
Општина Куманово асфалтира крак од улицата „11 Октомври“ на влезот од градот, до крстосницата со „Србо Томовиќ“, дел од булеварот „Трета Муб“ до крстосницата со „ЈНА“., соопштија денеска надлежните од одделнието за комунални дејности. Кракот од улицата се асфалтира во рамки на проектот за изградба на кружниот тек во градот, за што од општинскиот буџет одвоени се 19,7 милиони денари.
Компанијата изведувач на градежните активности, во рамки на изградбата на кружниот тек, претходно го асфалтираше и влезот на градот од автопатот, кон улицата „Железничка“ , мостот над автопатот Куманово-Белград и долж булеварот „Трета МУБ“.
-Со ова се очекува да се добие целина при изградбата на кружниот тек на влезот, изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.
Претходно, градоначалникот Максим Димитриевски информираше дека кружниот тек ќе биде во фунција пред одбележувањето на Денот на градот. Наредниот период, дополнително ќе биде уреден, осветлен, екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ ќе го уредат хортикултурно и ќе биде поставена сообраќајна и вертикална сигнализација.
Кружниот тек е прв што се гради, на влезот од Куманово и според надлежните ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж што се создаваше во овој дел на градот кон булеварот „Трета МУБ“ и „11 Октомври“, а се очекува градот да добие модерен и урбан лик. Од општината размислуваат да се изгради уште еден кружен тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар