Се асфалтира дел од регионалниот пат Струмица - Ново Село - граница со Бугарија

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Ново Село Блаже Велков, денеска направија увид во градежните работи на регионалниот пат Струмица - Ново Село - граница со Бугарија каде што во тек е асфалтирање на делницатата која поминува низ населеното место Ново Село.
Се врши надградба на патот во должина од околу два километра во вредност од 15 милиони денари, средства од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Активностите за надградба на регионалниот пат Струмица - Ново Село - граница со Бугарија во должина од 10 километри почнаа минатата година. Проектот е повеќегодишен и е имплементирен во Програмата за одржување на ЈП за државни патишта, како проект на Владата на Република Македонија. Проектот ќе продолжи во наредните две години за што ќе бидат инвестирани вкупно 60 милиони денари.
Ново на Сител
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
