СДСМ:Граѓаните да ги почитуваат препораките од институциите, следуваат мерки за помош на економијата од последиците од корона вирусот

Секој граѓанин треба да продолжи да ги почитува мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид – 19.
Јавното здравје е пред се и секоја индивудуа мора да преземе одговорност во негова заштита. Во полн капацитет работат сите институции, ангажирани се сите стручни лица. Се носат важни и храбри одлуки, за справување со ширењето на вирусот.
Паралелно со грижата за здравјето на граѓаните Владата, инстутиците работат на тоа да заздрави економијата, за таа цел остварени се средби со стопански комори, работодавачин со гувернерот на Народната банка за да се утврдат сите инфомации околу фискалните импликации врз бизнисот.
Наскоро, Владата излегува со конкретни и реални мерки за директна помош на домашната економија, особено за оние сектори кои се најпогодени.
Во период кога државата, но и светот се соочуваат со сериозна здравствена закана, важно е граѓаните да бидат целосно, навремено и точно информирани. Затоа, јавноста, граѓаните, да ги следат информациите на институциите кој секојдневно по неколку пати информираат за состојбата со корона вирусот.
Не смее и нема да се дозволи неодговорно пласирање лажни вести во борба за сензационализам и профитерство за сметка на здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
