СДСМ: Законот за заштита од дискриминација е клучен за човековите права
Законот за заштита од дискриминација е клучен за човековите права, неговото гласање ќе биде прва задача на новото парламентарно мнозинство на СДСМ.
СДСМ изразува сериозна загриженост за укинувањето на Законот заспречување и заштита од дискриминација, кој е неопходен за заштитата на човековите права во Македонија.
Законот беше подготвен во соработка со невладиниот сектор и беше ветер во грб за забрзување на евроинтеграцискиот процес на нашата држава. Со него, се овозможи професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, со проширени надлежности во делот на превенцијата, ослободена од политички и партиски влијанија, а за прв пат како основи за дискриминација се воведoа родовиот идентитет и сексуалната ориентација.
Затоа, веднаш после изборите, прва задача на новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, ќе биде затворање на ова прашање, преку носење на нов Закон кој ќе штити од секаков облик на дискриминација, низ процедура која ќе биде целосно уставна и неоспорлива.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово