СДСМ: За граѓаните се работи, СДСМ со 7 конкретни мерки за борба против загадениот воздух
Скопје со денови е меѓу градовите со највисоко аерозагадување на светот, што претставува ризик за здравјето на граѓаните.
Загадувањето на воздухот во Скопје бара преземање неодложни мерки.
Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето на воздухот во главниот град.
СДСМ предлага седум конкретни мерки, кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат, и тоа:
1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;
2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;
3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето;
4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување);
5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;
6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни и
7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.
Мерките треба што побрзо да се усвојат, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните.
За СДСМ граѓаните се на прво место.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан