Македонија
30. July 2022 - 16:53

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во очај измислува скандали и афери

Реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со конструкциите, во очај измислува скандали и афери онаму каде ги нема

Откако им пропаднаа сите обиди да ја закочат државата, да ги поделат граѓаните и да ја дестабилизираат земјата, во ВМРО-ДПМНЕ се вратија на она што единствено го знаат и умеат а тоа е создавање конструкции и измислување непостоечки афери.

Такви се и последните тврдења за одредени јавни набавки од страна на Јавното претпријатие за Државни патишта.

Јавното претпријатие работи согласно законите, додека проектите финансирани со грантови или со заеми од меѓународните финансиски инститиции се изведуваат согласно нивните правила и процедури.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да конструира непостоечки скандали, тоа нема да го прикрие фактот што оваа партија е дејствува на штета на граѓаните, ниту пак тоа што нивните градоначалници за девет месеци мандат освен партизација на општините ништо друго немаат реализирано.

Центар за комуникации СДСМ