СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да профитира од несреќата на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот министер Никола Тодоров го урниса здравствениот систем и газеше врз достоинството на лекарите и пациентите. Водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров здравствениот систем на Македонија го направија еден од најлошите и најсмртоносните во Европа, наведува СДСМ во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое побара оставка од министерот за здравтсво Арбен Таравари.
- Лицемерно и безобразно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на идеи, да ја користи несреќата на граѓаните за очајно да се обидува да добие некаков политички поен. Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставија урнисан здравствен систем, недостиг на современа опрема и медицински кадар, распаднати болници и здравствени домови, а тоа се покажа и во овој случај кога поради долгови и блокирани сметки Институтот за јавно здравје останал без реагенси и тие мораа да се позајмуваат од соседни земји, стои во реакцијата.
Од СДСМ посочуваат дека надлежните институции се вложија во справување со болеста, се преземаат неопходните мерки за превенција и спречување на повторна појава и натамошно ширење на вирусот.
- Институциите посветено и активно работат во функција на брзо и ефикасно решавање на проблемите наследени од ВМРО-ДПМНЕ и на подобрување на условите за живот на сите граѓани, се наведува во реакцијата од СДСМ.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот