СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, во нивно време се затворија над 10.000 фирми
ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, во нивно време се затворија над 10.000 фирми, а денес работат против повисоки плати и нови работни места.
Ништо ново од белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека нема што да им понуди на граѓаните, освен обнова на режимот и криминалот.
Токму за времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски беа затворени над 10.000 фирми, а приватниот сектор постојано беше под притисок од драконски казни и новоизмислени давачки.
И додека домашните компании едвај преживуваа, Груевски низ државава носеше лажни странски инвеститори од типот на сомнителните Субрата Рој и Моше Баум со кои се направи дополнителна штета врз граѓаните и буџетот на Република Северна Македонија.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само го продолжуваат патот кој им го трасираше Никола Груевски . На нивното лицемерие и лажна загриженост им нема крај.
Бесмислено е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за затворање на компании и да глуми загриженост за вработените во истите, кога оваа партија не покажа загриженост и не презеде мерки тогаш кога требаше.
Затоа, граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!