СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не престанува со лажните вести, со денешната аукција нема ново нето задолжување
ВМРО-ДПМНЕ не престанува со лажните вести, со денешната аукција нема ново нето задолжување
Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за задолжувања кога токму таа партија за 11 години владеење тројно го зголеми јавниот долг само за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и фамилијата.
Лажна е информацијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија денес се задолжила.
Според официјалните информации од Министерството за финансии, на денешната аукција запишани се 22,24 милиони евра, а веќе утре ќе бидат вратени 22,46 милиони евра по основ на стари долгови направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Со домаќинските и одговорни политики, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра.
Наместо да им се извинат на граѓаните за огромните долгови што ги оставија зад себе, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, продолжуваат со политиките на Груевски засновани на лаги, измислици и лажни вести.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?