-->
-->
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противеа на зголемувањата на плати и пензии
-->
ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти.
Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски која денеска лаже дека ќе враќа пари кај граѓани, се противеше на секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејствата.
ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемување на минималната плата која денеска е за над 6.000 денари повисока, се противеше на зголемувањето на пензиите кои во просек се зголемени за 2.000 денари за овие четири години.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против воведување на евтина дневна тарифа на струјата која токму тие ја укинаа, беа против проектот Мој ДДВ со кој за две години се вратија 36 милиони евра кај 400.000 граѓани.
Ако Мицкоски навистина е за враќање пари, воопшто нека не чека, нека почне во сопствената партија, преку враќање на парите што Груевски ги земал од членарините за да купува плацови на Водно.
ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги врати милионите за кои се обвинети функционери на партијата и за кои дел веќе има пресуди. Мицкоски веднаш со Груевски да ги врати од Белизе парите кај граѓаните.
Граѓаните гледаат и прават разлика кој враќа пари назад а кој грабаше и крадеше од нив за сопствено богатење.
Tаа разлика граѓаните ќе ја потврдат на претстојните избори кога ќе одберат да продолжи развојот и напредокот со СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО
-
Рение: ЕК препорачува ограничување на пристапот на „Хуавеј“ до мрежите во ЕУ
-
Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ
-
Елвин Куртовиќ осуден на доживотен затвор за убиството позади „Мавровка“
-
Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед
-
Нови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случај
-
Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет
-
Владата ќе поддржи договор за минималната плата меѓу работодавачите и работниците