СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија против ЕУ и НАТО
Аудио снимката на која слуша Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ е вистински доказ дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и против НАТО.
Во снимката Жугиќ зборува дека тие, ВМРО-ДПМНЕ, се бореле против Брисел и Вашингтон.
Жугиќ во снимката вели и дека тоа не биле нејзини, туку зборови на Христијан Мицкоски.
Антизападниот Мицкоски се крие и од сопственото членство, па испраќа емисари како Жугиќ по општинските комитети како да ги пренесат неговите пораки, бидејќи нема образ да каже дека е против ЕУ и НАТО ниту пред своите сопартијци.
Снимките кои протекоа во јавноста, на кои се слуша гласот на Жугиќ, го обелоденија вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е против ЕУ и НАТО, против едно општество за сите, партија која знае само да блокира и да внесува раздор и да прави поделби меѓу граѓаните.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со ваков деструктивен однос кон граѓаните и државата, со таквата понуда, може само да очекуваат нов, седми пораз од граѓаните.
Граѓаните се против блокади, деструкции, омраза и поделби, граѓаните се за напредок, за развој, за евроатланска интеграција.
Затоа граѓаните редовно ги казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори, затоа уште долго ќе бидат во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно