Македонија
8. May 2021 - 11:45

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за тоа што го кочи Законот за Клинички центар

За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од блокада на Законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години.

Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски,  со лаги, конструкции и преку парцијални документи, го саботира овој Закон и создава конфузија во јавноста. Сето тоа на штета на здравствениот систем и граѓаните.

Со предлог Законот се предвидува изградба на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава во следните неколку децении, а ќе се изгради на површина од 110.000 м2.

Наспроти овој проект, ВМРО ДПМНЕ, заглавен во минатото и обремент со долгови кон своите спонзори предлага изградба на само една зграда, на површина која е за само 1/10 од планираната површина за нов Клинички центар.

На чиј плац ВМРО ДПМНЕ сака да биде изградена зградата која според нив треба да биде нов Клинички центар? Дали можеби тоа е на плацот кој е во сопственот на Самсоненко, бизнис партнерот на нивниот спонзор Орце Камчев? Или пак на уште помалиот плац кој е делумно државно, а делумно приватно земјиште и кој се користи како хелиодром?

И конечно, ние нудиме изградба на нов Клинички центар на површина од 110.000, осмислен со брзи и ефикасни сообраќајни решенија, модерни болнички услови кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните. А ВМРО ДПМНЕ зборува за реновирање на веќе постоечки простор кој одамна е претесен за потребите на нашиот здравствен сиситем.

Сите ние пратеници во Собранието имаме одговорност пред граѓаните, особено во еден чувствителен период, во време на пандемија, да бараме решенија во интерес на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.

Но наместо да се водат од одговорноста пред граѓаните, моите колеги пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се заглавени во минатото и под притисок на остатоците од режимот олицетворен во Мицкоски без ни малку совест го кочат овој важен проект иако имаат понуда токму тие да го водат целиот процес.

Очигледно, за колегите од ВМРО-ДПМНЕ личните интереси на Мицкоски и нивниот спонзор им се поважни од здравјето на граѓаните и здравствениот систем.

Кога веќе не се откажуваат од блокадите, чесно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги искористат најавените средби со граѓани и да им се извинат на граѓаните, затоа што го кочат овој Закон, но и други 26 закони кои се во интерес на граѓаните и државата.

На јавноста и е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ се противи на се што е добро за граѓаните и државата.

Колеги од ВМРО-ДПМНЕ, покажете дека работите за граѓаните, а не за нови плацеви на Водно, покажете дека вистински се грижите за здравјето на граѓаните, а не за мермер и стиропор, покажете дека саккате дијалог и излезете од сенката на минатото.