СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаматено по негрижата кон културното наследство
СДСМ соопшти дека 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по неодговорност и негрижа за културното и историско наследство на Македонија.
- Состојбата со Музејот на Македонија кој е целосно запуштен и руиниран со срушени плафони и мувлосани ѕидови, каде што над 120 вредни икони се чувале во крајно несоодветни услови е само еден од доказите за незаинтересираноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на културното наследство, соопшти СДСМ.
Според партијата, долгогодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за вистинското културно наследство резултирала со огормни штети врз најзначајните културно-историски градби. Како алармантно загрозени поради изградба на нови градби или запуштени од негрижа СДСМ ги посочува археолошките остатоци на Плаошник, античкиот локалитет Хераклеа, скопскиот аквадукт, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Курбиново, Скопското кале, локалитетот „Скупи“.
- Додека вистинското историско и културно наследство беше занемарувано и оставено да скапува и да се распаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на сомнителни тендери за градење лажен барок, скапи споменици и „новокомпонирани“ културни наследства како Порта Македонија и Музејот на ВМРО за кои се потрошија над 23 милиони евра пари на граѓаните. Со таквиот однос кон културното и историското наследство, ВМРО-ДПМНЕ ги погази идентитетот, националните и државните интереси, наведува СДСМ, додавајќи дека новата Влада што тие ја предводат ќе работи на санирање на штетите направени од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш