СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
СДСМ денеска преку соопштение реагираше на вчерашната прес-конференција на портпаролот на Движењето ЗНАМ Никола Мемов, кој коментирајќи го изборот на нов лидер на СДСМ, рече дека е отворена поканата во ЗНАМ за прием на сите чесни членови на СДСМ.
- Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначалничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат, се вели во реакцијата.
Од СДСМ велат дека се единствената вистинска опозиција која ќе се бори за да се спречуват, како што посочуваат, штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ.
Портпаролот на ЗНАМ вчера на прес-конференција му го честита изборот на Венко Филипче за нов лидер на партијата, а исходот на внатрепартиските избори во СДСМ го оцени како недемократски и нелегитимен. Мемов рече дека во СДСМ членуваат многу чесни и способни луѓе и дека е отворена поканата за прием на сите тие членови.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР