Македонија
5. May 2018 - 16:28

СДСМ викендов ќе ги анализира понудите од евентуалните нови владини партнери

Партиите кои се во разговори со Заев за да влезат во владината коалицијата веќе ги доставиле своите понуди до него, открива премиерот.  Тој вели дека викендов во партиските тела, но и во коалицијата на СДСМ ќе се разгледуваат ваквите предлози и веројатно ќе се донесе одлука кои би биле новите владини партнери. Реконструкцијата која веќе неколку месеци се најавува влегува во финалана фаза.

За влез во кабиентот на Заев себорат двете крила на БЕСА, она на Гаши кое располага со 3 пратеници во парламентот и она на Касами кое има два пратеник. За владин партнер конкурира и ДПА со двајца пратениците. Неофицијалните информации се дека сите тие би добиле по едно министерско место и тоа две кое би ги отспила СДСМ од сегашните свои ресори, додека пак, третото е најавеното ново вицепремиерско место за реформи. Нема офцијална информација за кои места се борат Гаши, Касами и Тачи.

Гаши синоќа во интервју само потврди дека разговорите се во финална фаза, без да прецизира за кои ресори претендира и со кои кадри, но вели и дека му било битно БЕСА да биде дел од владата во овие моменти.  Партијата не би пристапила кон преговорите кога не би постоел актуелниот политички контекст кој се одвива денеска во Македонија, а тоа е решавање на спорот за името, рече тој.

Од крилот на Касами пак, пред три дена се изјаснија дека бараат ресорно министерство.