СДСМ: СОНК турка политичка агенда
Последниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со јасна политичка агенда и уцени кои одат на штета на децата, на учениците и на образовниот процес.
Тоа го потврдува вчерашното одбивање на раководството на СОНК на предлогот од Владарта за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза и при законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени,.
Согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи дека нема основа за штрајк, односно штрајк пред истекот на овој рок е смислена уцена.
Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту пак родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.
Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено поважно е правото на образование на учениците.
Центар за комуникации со јавноста- СДСМ
Ново на Сител
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата