СДСМ: Социјалната заштита е приоритет на Владата, со низа мерки се подобрува животот на граѓаните
Преку конкретни чекори и мерки, Владата ја унапредува социјалната заштита, го подобрува и олеснува животот на сите категории на граѓани, соопшти денеска СДСМ.
Од партијата информираат дека до крајот на годинава ќе заврши изградбата и опремувањето на 13 детски градинки со што се зголемува опфат за 682 дечиња до крајот на годината, а оваа тенденција ќе продолжи и во 2018 година.
Дополнително, посочуваат од СДСМ, потпишани се договори за обнова на градинката „8-ми април“ во Шуто Оризари, се реконструира и се пренаменува објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, којшто ќе прерасне во детска градинка.
Веќе од 1 септември градинките ќе почнат со двосменско работење со што се излегува во пресрет на потребите на семејствата и родителите, преку оолеснување и поедноставување на секојдневниот живот. Се решава и деценскиот проблем на граѓаните стечајци кои не по сопствена вина останале без работа. Околу 3.000 граѓани месечно ќе добиваат по 7.596 денари, со што ќе се исправи децениска неправда кон оваа категорија на наши сограѓани, стои во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека преку предложените измени на Законот за социјална заштита ќе се унапредат правата и на квалитетот на живеење на лицата со попреченост.
Измените на Законот, потенцираат од партијата, ќе овозможат и лицата со умерени пречки во менталниот развој да го остварат правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице врз основа на наод, оцена и мислење на стручен орган со кој е утврден видот и степенот на попреченост.
Ова се само дел од мерките со коишто се унапредува социјалната заштита и се подобрува животот на сите граѓани. Владата предводена од СДСМ, како досега, така и во иднина ќе продолжи да работи чесно, транспарентно и единствено во интерес на граѓаните, наведува СДСМ во соопштението.
Ново на Сител
-
Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен
-
Државниот инспекторат за животна средина лани спровел над 1535 инспекциски надзори, утврдени 300 неправилности
-
УХМР најавува постудено време со слаб снег
-
Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали
-
Калас: На трговска војна меѓу САД и ЕУ „ќе се смешка“ Кина
-
Вучевиќ: Протестите се можност за опозицијата која сака да ја отцепи Војводина
-
Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица, а тројцата претходно осомничени се товарат и за перење пари
-
Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани