СДСМ: Сите криминално стекнати пари од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат кај граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сите криминално стекнати пари да им ги вратат на граѓаните.
Ова е и праведно и правично затоа што тоа се пари кои 11 години се краделе од народот.
Пресудата во случајот Талир-2 потврди дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски, на грбот на граѓаните, го изградила луксузното седиште и купила имоти во уште триесетина градови низ државата.
По правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени, да се врати кај оние од коишто е земен, а тоа е се граѓаните.
Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ е потврден и во други предмети, како Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, Тенк, а во постапка се и неколку други предмети.
ВМРО-ДПМНЕ, кои се луксузираат во Белата палата, опремена со плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра, да се извинат се целиот криминал, за грабежот што е направен врз граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста дека правда има и правда мора да има.
Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад, кај граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат