СДСМ: Резолуцијата во американскиот Сенат потврдува дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени како никогаш претходно
Најголемиот наш стратешки парнер САД со Предлог Резолуцијата за македонскиот јазик, култура и историја уште еднаш на дело ја покажува својата посветеност во поддршката на нашата држава.
Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество.
Претходно, слична Резолуција донесе и германскиот Бундестаг, со што македонскиот јазик, култура и историја добиваат признанија и промоција насекаде низ светот.
Наспроти лагите на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет, факт е дека тие денес се заштитени и меѓународно потврдени како никогаш претходно.
СДСМ, како државотворна партија, продолжува да работи на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остварува стратешките цели на државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип