Македонија
9. August 2016 - 10:40

СДСМ продолжува со акцијата за помош на настраданите од невремето

СДСМ денеска соопшти дека волонтери и активисти на партијата денеска продолжуваат со акцијата за помош на жителите во поплавените подрачја.

Како што информира СДСМ, активностите на лидерот на партијата Зоран Заев ќе почнат од населбата „Методија Андонов - Ченто“, а акциите за помош продолжуваат и во населените места Инџиково, Црешево и Смилковци.

СДСМ најави дека ќе донираат и хуманитарна помош во сите погодени подрачја.