СДСМ: Процентот на предвремено родени починати бебиња за две години намален за над 50 отсто
За 2 години намален е процентот на починати предвремено родени бебиња за нешто повеќе од 50%, системските мерки во здравството даваат резултат.
Системските мерки во здравството и спроведените политики даваат резултат.
Во таа насока е и намалувањето на смртноста на предвремено родените бебиња, која според статистичките податоци бележи пад во последните 2 години за над 50%.
Овие трендови се резултат на вложувањата од страна на Владата предводена од СДСМ во опрема и проширување на стручните тимови на одделението за интензивна нега на Гинеколошки-акушерската клиника.
За таа цел беа набавени нови 15 инкубатори за бебињата, монитори со аспиратори за одделението на интензивна нега, а во рок од една година за Клиниката за гинекологија и акушерство беа одобрени вработувања на 30 медицински сестри и акушерки, педијатри, анестезиолози и патолог.
Покрај инвестицијата од страна на Владата во опрема, во соработка со експертите од Клиниката за гинекологија и акушерство, и странски експерти од Светската здравствена организација, но и од УНФПА се спроведоа обуки на медицинскиот персонал.
Се потврдува заложбата кој ја прави СДСМ и Владата која ја предводи, дека здравјето на нашите граѓани и на нашите деца е врвен приоритет и дека за да се постигне тоа мора да се создадат најдобри услови за подобрување на работната средина и за лекарите и медицинскиот персонал.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава