СДСМ: Покажуваме вистинска грижа за граѓаните, платите растат во сите сектори

Одговорните политики на СДСМ кои значат инвестирање во човечкиот капитал даваат конкретни и видливи резултати.
Потврда за тоа е и растот на платите во сите области и во јавниот и во приватниот сектор.
За само 2,5 години минималната плата порасна на 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во однос на 2017 година кога таа изнесуваше само 9.000 денари.
Спиралата на раст на платите предизвика покачување на просечната плата на 25.787 денари, што е за 1.239 денари повеќе отколку во ноември 2018 година и е речиси за 2.600 денари повисока отколку во ноември 2017 година.
Од јануари оваа година над 32.000 граѓани вработени во образованието добиваат повисоки плати за 10 отсто. Со ова последно покачување, вкупното зголемување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.
Покрај платите во образованието, пораснаа и платите во социјалната и детската заштита.
1.170 вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен.
Растот на платите продолжува. Веќе од февруари значително се зголемуваат платите во здравството. Лекарите специјалисти, медицинските сестри и техничкиот персонал добиваат ново зголемување на платите.
Мерките за раст на платите се насочени и во приватниот сектор.
Субвенционирање на придонеси од задолжителното осигурување искористија над 20.000 компании или вкупно 106.000 вработени во приватниот сектор.
СДСМ се грижи и за младите, преку обезбедување на младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години вработени во производство.
СДСМ како одговорна партија продолжува со инвестирање во човечкиот капитал, со цел обезбедување на подобар животниот стандард и подобра иднина на сите граѓани.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
