Македонија
1. јуни 2022 - 12:15

СДСМ: Поголема поддршка за земјоделците, 500 милиони денари за интервентниот фонд, 100% зелена нафта

Со усвоените измени на Законот за земјоделство и рурален развој, дополнително ја зајакнуваме поддршката кон земјоделците.

Сега, отстранети се сите пречки, следува исплата на субвенциите кон над 20.000 тутунопроизводители.

За оваа цел во Буџетот веќе се обезбедени една милијарда и 300 милиони денари, односно над 21 милион евра кои ќе завршат кај над 20.000 семејства.

Со измените на Законот ја олеснуваме постапката со цел тутунопроизводителите веднаш да ги добијат субвенциите, а за првпат се воведува авансна исплата на субвенциите.

Преку измените што ги усвоивме, младите фармери ќе добијат 40% аванс за старт ап грантовите од 20.000 евра.

Истовремено, се отвора можност за кофинансирање на зелена нафта до 100 отсто за земјоделските стопанства.

Дополнително, преку ребалансот на Буџетот кој го утврди Владата, обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд.

Сето ова се мерки кои имаат за цел да го унапредат земјоделството, да го зголемат земјоделското производство што во време на светска криза е особено важно.

СДСМ продолжува да креира и реализира мерки и политики кои значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани.

СДСМ