СДСМ: Обвинителството потврди дека работи по нарачка

СДСМ смета дека со денешната одлука за изрекување мерки за претпазливост и тоа привремено одземање на патна исправа и повремено јавување во суд за сопругот на потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска, Основното јавно обвинителство Скопје потврдило дека работи по нарачка.
Обвинителството, велат од СДСМ, сега признава дека во претходна постапка утврдило дека не постои сомневање за кривично дело, за истиот случај.
- „Не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело“, јасно наведува Основното јавно обинителство на крајот на 2014 година, после целосни увиди на Упрвата за финансиска полиција, се наведува во соопштението од СДСМ, од каде прашуваат зошто Основното јавно обвинителство цела година овој официјален документ го чувало во фиока.
Од партијата сметаат дека Основното јавно обвинителство Скопје се ставило во улога да испорачува политички нарачки на власта.
Во соопштението од СДСМ се наведува и дека првично овој случај бил покреант откако Шекеринска го обелоденила случајот со, како што се вели, скриениот имот на Сашо Мијалков, а оти сега се повторува по нејзиното интервју за Канал 5.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
